среда, 19. декември 2018. Вести денес: 4
home Вести

Најмалку 11 верници убиени во самоубиствен напад врз џамија во Нигерија

Најмалку 11 верници убиени во самоубиствен напад врз џамија во Нигерија

Најмалку 11 лица загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад врз џамија во нигерискиот град Гамбор во близина на границата со Камерун.

Нападот бил извршен за време на утринската молитва во џамијата.

Покрај 11-те убиени верници, спасувачките екипи го нашле и телото на бомбашот.

Се уште никој нема преземено одговорност за нападот, но се препоставува дека е дело на исламистичката група Боко Харам, која е активна во тој регион. Групата е препознатлива по самоубиствените напади врз цивилни цели полни со луѓе.

Во своето новогодишно обраќање, нигерискиот претседател Мухамед Бухари изјави дека терористичката група во најголема мерка е поразена од страна на безбедносните сили.