понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Најмалку 11 цивили погинаа во воздушен напад на НАТО во Авганистан

Најмалку 11 цивили погинаа во воздушен напад на НАТО во Авганистан

Најмалку 11 лица погинаа во воздушен напад на силите на НАТО во подрачјето на Херат, во западниот дел на Авганистан.

Претседавачот со Покраинскиот совет на Херат, Махди Хадид, потврди дека нападот врз возило со цивили бил изведен од беспилотно летало на НАТО.

Тој наведе дека во нападот погинале 11 цивили, пренесе Анадолија, додавајќи дека меѓу нив осум се деца.

Џејлани Фахрад, портпарол на Канцеларијата на гувернерот на Херат, изјави дека во нападот погинале и тројца талибанци, како и дека е отворена истрага во врска со убиството на цивилите.

-Нападот е изведен додека роднините се возеле кон дома. Биле нападнати додека биле во возилото, во кое немало членови на терористичка организација, изјави Али Кан, роднина на жртвите на нападот.

Коронавирус