петок, 25. септември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Најмалку 10 жртви во протестите во Колумбија

Најмалку 10 жртви во протестите во Колумбија

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 400 се повредени за време на дводневните протести во Колумбија, кои избија поради смртта на Хавиер Ордонез во полициски притвор, соопштија денеска локалните власти.

Насилството што ја потресе Богота по смртта на Ордонез продолжи и втора ноќ со помали протести и судири со полицијата.

Според Министерството за одбрана, десет лица се убиени, додека 209 цивили и 194 полицајци се повредени.

Колумбискиот министер за одбрана Карлос Трухиљо Холмс се извини во име на полицијата за сите незаконски дејствија, извршени при притворањето на Ордонез во средата наутро.

Тој додаде дека е наредено дисциплинско сослушување со цел да се утврди дали полициските службеници го извршиле убиството и ги злоупотребиле своите овластувања.

Седум полицајци се суспендирани додека трае истрагата. (МИА)

Коронавирус