петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 10 повредени и 50 уапсени во судирот меѓу полицијата и демонстрантите во Киев

Украински медиуми пренесуваат дека полицијата денеска наложила кампот да биде отстранет.
Најмалку 10 повредени и 50 уапсени во судирот меѓу полицијата и демонстрантите во Киев

Најмалку 10 лица беа повредени во судирите пред парламентот во Киев меѓу украинската полиција и демонстрантите од кампот.

Демонстрантите, кои кампуваа пред парламентот во Киев, се судрија денеска со полицијата, при што 50 лица се уапсени, соопшти полицијата.

Висок официјален претставник на полицијата Андреј Кришченко рече дека шест демонстранти побарале медицинска помош по судирот и дека се повредени и четворица полицајци.

Кришченко прецизира дека до судирот дошло кога полицијата пристигнала во кампот поради истрага поврзана со претходниот конфликт, кој избувна во вторникот, а во која беа повредени 15 полицајци.

Украински медиуми пренесуваат дека полицијата денеска наложила кампот да биде отстранет.

Протесниот камп беше формиран во октомври од поддржувачите на Михаил Саакашвили, поранешниот претседател на Грузија, кој стана истакнат опозиционер во Украина, од каде што е депортиран на 12 февруари.

Демонстрантите бараат формирање на национален суд против корупција.

Коронавирус