вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 68
home Вести

Најмалку 10 цивили загинаа во експлозија на подметната бомба во Авганистан

Најмалку 10 цивили загинаа во експлозија на подметната бомба во Авганистан

Најмалку 10 цивили, меѓу кои и жени и деца, настрадаа во експлозија на подметната бомба на пат во источен Авганистан, изјави претставник на локалните власти, обвинувајќи ги притоа талибанците за нападот.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека експлозијата се случила во источната провинција Хост.

Во нападот настрадале три деца, две жени и петмина мажи, кога возилото со кое се превезувале налетало на подметната бомба.

Никој се уште не ја презел одговорноста за нападот, но Рахими ги обвини талибанците дека редовно ги напаѓаат авганистанските безбедносни сили и владини претставници поставувајќи им бомби на патиштата.