четврток, 22. април 2021. Вести денес: 115
home Вести

Најмалку 1.400 автомобили уништени во пожар во гаража во Ливерпул

Најмалку 1.400 автомобили уништени во пожар во гаража во Ливерпул

Најмалку 1.400 автомобили се уништени во пожар што изби во Ливерпул во гаража на повеќе нивоа, принудувајќи голем број луѓе да ја дочекаат Новата година во привремени засолништа.

Според Би Би Си, евакуирани се луѓе од неколку згради во околината на гаражата.

Пожарот најверојатно почнал откако се запалил еден автомобил. Во гаснењето учествуваат 21 противпожарно возило.

Според локалните медиуми, возила експлодирале на неколку секунди.

Поради пожарот, откажана е ревија на коњи што требало да се одржи во арена во близина на гаражата.

Коронавирус