недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Најголемиот неработник на свет: Бил на лажно боледување 35 години, па отишол директно во пензија

Најголемиот неработник на свет: Бил на лажно боледување 35 години, па отишол директно во пензија

Можеби балканците важат за луѓе кои се обидуваат да прелажат нешто на работното место, но можеме да кажеме дека за Италијанците се аматери. Доказ за ова тврдење е рударот Карло Кани, кој во 1980 година отишол на боледување и тоа поради клаустрофобија. Од тоа боледување никогаш не се вратил на работа.

Имено, Карло директно од боледувањето отишол во пензија во 2006 година. Да биде уште полошо, тој во рудникот едвај работел неколку дена пред да отиде на доктор и да се пожали дека му е тешко на работа.

-Рударството никогаш не ми се допаѓаше. Признавам, дојдов до пензија без да работам никогаш ништо. Секогаш правев што можев само да не би одел во јама. Во тоа ми помагаа многу лекари, изјави Карло Кани.

Карло во текот на 35 години користел разни изговори како би го продолжил боледувањето, од почетната клаустрофобија, преку хемороиди, амнезија, а кога би му снемало болест, ги чешал очите со прашина од јаглен како би изгледал болно.

-Главно останував дома и слушав џез. Многу ја сакам таа музика. Сепак во последните неколку години уживав сам седејќи во фотелја и не работејќи ништо, раскажувал Карло.

Медиумите во Италија едвај го дочекаа овој случај, како би укажале на многу дупки во законот за работни односи, кои Италијанците многу радо ги користат, за да се „закачат“ на државниот буџет.

Коронавирус