вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

Најголемата заплена на кокаин во историјата на Парагвај – 3,4 тони: Рекордна количина секоја година

Најголемата заплена на кокаин во историјата на Парагвај – 3,4 тони: Рекордна количина секоја година

Парагвајската полиција заплени над 3,4 тони кокаин во близина на главниот град Асунсион денес, а дрогата била скриена во магацин за шеќер.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Парагвај, додаде полицијата, пренесува Танјуг.

Директорот на полицијата Луис Аријас пред новинарите изјави дека кокаинот бил пронајден во предградието Фернандо де ла Мора, а шверцерите се подготвувале да го истоварат со пратка шеќер, објави Ројтерс.

– Станува збор за повеќе од 3.400 килограми кокаин. Ова е заедничка акција на единицата за наркотици и обвинителството, траеше скоро еден месец – рече Ариас, додавајќи дека не е познато каде требало да биде испратен кокаинот.

Претходно, најголемата заплена на кокаин во Парагвај се случи во октомври 2020 година, кога полицијата откри 2.900 килограми дрога.

Коронавирус