понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 152
home Вести

Најголемата мистерија: Малолетната Ребека исчезнала пред 3 недели, а главен осомничен е човек од нејзиното семејство

Најголемата мистерија: Малолетната Ребека исчезнала пред 3 недели, а главен осомничен е човек од нејзиното семејство

Ниту после повеќедневна потрага по исчезнатото девојче Ребека Ројш (15) и повеќе од 1.000 добиени индиции, таа не е пронајдена, а германската полиција најавува промена на правецот на истрагата.

Девојчето од Берлин исчезна пред три недели и прашањето што се случило со неа засега е една од најголемите мистерии на поновата германска криминалистика, пренесуваат германските медиуми.

Полицијата претходните три дена со стотици луѓе и кучиња трагачи ја пребара Брандебуршката шума. Потрагата не даде резултати.

Очигледно е дека истражителите влегле во ќорсокак на овој мистериозен случај и мора да разгледаат како ќе продолжат понатаму. За новите чекори ќе одлучи трета комисија за убиство.

Потрагата денеска е запрена, соопшти полицијата без да наведува детали.

Како главен осомничен е уапсен зетот на Ребека во чија куќа таа последен пат е видена, а кој во истражниот затвор се брани со молчење.

За обвинението за убиство не е нужно да се пронајде телото, велат експертите, но во тој случај истражителите мора да пронајдат доволно силни докази.