понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 59
home Вести

Најголем дневен пораст на новозаразени од коронавирус во Индија

Најголем дневен пораст на новозаразени од коронавирус во Индија

Во Индија е евидентиран досега најголемиот дневен пораст на новозаразени со коронавирус, повеќе од 22.000 , а исто така се потврдени и нови 442 смртни случаја.

Најголем број новоинфецирани се регистрирани во финансискиот центар на Индија – градот Мумбај, со вкупно 6.364 заболени.

Индија со 640.000 потврдени случаи на зараза се наоѓа ма трето место во светот, по САД и Бразил.

Еподемиолозите предупредуваат дека кулминирањето на епидемијата може да се очекува дури за неколку недели, а можеби и месеци, оценувајќи дека веќе оптоварениот здравствен систем во земјата ќе се најде под уште поголем притисок.

Коронавирус