четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 123
home Вести

Најдобра или најлоша работа на светот? Платата е 3.500 долари, но мора да прифатите еден бизарен услов

Најдобра или најлоша работа на светот? Платата е 3.500 долари, но мора да прифатите еден бизарен услов

Истражувачкиот Универзитет Сент Луис ќе им плати 3.500 долари на лицата кои ќе прифатат да бидат во хотел во кој ќе бидат заразени со грип, а целта да пронајдат универзална вакцина против грипот.

Хотелот Инфлунца ќе има 24 соби, а во него лицата ќе добијат вакцина и ќе бидат изложени на вирусот.

Меѓу нив е вирусот Х3Н2 од кој починаа голем број млади луѓе и деца, меѓу кои имало и вакцинирани.

Оние кои ќе се пријават да учествуваат во истражување, ќе мора да бидат во хотелот 10 дена и ќе имаат потполна нега и забава.

Истражувачите тврдат дека ова место е совршено за развој на универзална вакцина, која американската влада ја смета за еден од приоритетите на јавното здравје.

Секоја година вакцините се подобруваат, но и покрај тоа илјадници луѓе умираат, затоа што вакцината е ефектна само 30 проценти.

Научниците сакаат да направат вакцина која ќе делува против сите вируси на начин повеќе да не мутираат.

За жал, оваа формула не е можно да се направи пред некој да се разболи.

Половина од оние кои ќе учествуваат во студијата ќе добијат вирус на грип, а половина плацебо. Оние кои ќе довијат вирус, можеби ќе добијат неколку видови во текот на студијата. После 10 дена во карантин тие ќе си одат дома.

 

Коронавирус