вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Најдено новороденче на аеродром, сите патнички поминале голгота во Доха (ВИДЕО)

Најдено новороденче на аеродром, сите патнички поминале голгота во Доха (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

“Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти”, изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

Коронавирус