недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Најбогатите Британци поради корона кризата загубиле 54 милијарди фунти

Најбогатите Британци поради корона кризата загубиле 54 милијарди фунти

Во последните два месеца најбогатите Британци загубија 54 милијарди фунти поради пандемијата на коронавирусот, јави „Индипендент“ за резултатите од едно најново истражување.

По светската економска криза од 2008 година богатството на овие луѓе продолжи да се зголемува од година во година, така што првите шест меѓу нив заработија многу повеќе од 13,2-те милиони најсиромашни Британци. Со пандемијата на коронавирусот и нејзиното негативно влијание врз економијата, меѓутоа, илјада најбогати Британци во последните два месеца загубија 54 милијарди фунти.

На списокот на најбогати сега се наоѓа сер Џејмс Дајсон, кој во текот на претходната година заработи 3,6 милијарди фунти и со тоа го зголеми своето богатство на 16,2 милијарди. Дајсон е на врвот на списокот и покрај тоа што загуби 500 милиони фунти откако се откажа од проектот за електричен автомобил.

Коронавирус