среда, 28. јули 2021. Вести денес: 145
home Вести

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот

Кризата поради коронавирусот сериозно ги погоди најбогатите луѓе во Австрија. Во оваа земја има 41 милијардер, а последиците од кризата врз цената на акциите и дивидендите, се бројат во милијарди евра.

На годишно ниво, нивните средства паднаа за девет отсто, или вкупно 15 милијарди – на 155 милијарди евра.

Годинешниот список на 100 најбогати Австријци го предводат семејствата Порше и Пих, чие богатство се проценува на 34,8 милијарди евра. Тие изгубија 2,2 милијарди евра во однос на минатата година.

Основачот на Ред Бул – Дитрих Матешиц е веднаш зад нив со имот од 14,7 милијарди евра. Тој пак, претрпе загуба од околу милијарда евра.

Слични загуби претрпеа и другите 100 најбогати Австријци. (МИА)

Коронавирус