четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 109
home Вести

Нагло зголемен бројот на новозаразени во Шпанија

Нагло зголемен бројот на новозаразени во Шпанија

Во Шпанија денеска се регистрирани 580 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е најголем скок во бројот на нови случаи во последните два месеца.

Претходниот ден беа потврдени 390 нови случаи, а повеќето случаи беа во регионите на Арагон и Каталонија.

Шпанија ги укина рестриктивните мерки на 21 јуни, и оттогаш избија повеќе од 170 локални епидемии, претежно во Каталонија, каде бројот на новозаразените е 142. Во Арагон на истокот на земјата, бројот на нови случаи е 266, соопшти Министерството за здравство.

Здравствените власти на Каталонија објавија дека бројот на новозаразени лица се зголемил на 1.293, што е најголем од 18 мај. Бројот на заразени лица во Каталонија се зголеми тројно од минатата недела.

Воведени се ограничувања во некои делови на Каталонија, а официјалните лица најавуваат дека ќе треба да се преземат мерки и во Барселона.

Коронавирус