понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Над триесет случаи на морбили во Словенија

Над триесет случаи на морбили во Словенија

Возрасен маж од Шкофја Лока е последниот во низа за кој тамошните доктори се совнемаваат дека е заразен од морбили. Здравствениот дом во Крањ денеска потврди дека имаат пациент за кој се сомневаат дека има морбили, а резултатите од испитувањето со кое треба да се потврдат или отфрлат сомнежите ќе бидат објавени во текот на денот.

Здравствените власти денеска ги проверуваат и сите лица со кој пациентот имал контакт, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Изминативе неколку месеци Институтот за јавно здравје на Словенија утврди морбили во триесет и два случаи. Минатиот месец беа потврдени два нови случаи кај лица кои не биле во меѓусебен контакт. Тие веднаш биле хоспитализирани во посебни простории, без контакт со другите пациенти со цел да се спречи евентуалното ширење на болеста.

Само мал дел од заболените се деца, а најчесто тоа се возрасни лица. Според информациите на здравствените власти во Словенија, само двајца од последните заразени биле вакцинирани против морбили, а за другите такви информации нема. (МИА)

Коронавирус