понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Над половина милион молњи регистрирани за 48 часа во Европа

Над половина милион молњи регистрирани за 48 часа во Европа

Порталот за известување за екстремни временски прилики „Severe Weather Europe“ објави дека во периодот од 3 до 5 јуни во Европа се регистрирани повеќе од 600.000 молњи и грмежи, објави на Фејсбук тој метеосервис.

Најмногу молњи се регистрирани на подрачјето на Франција, Швајцарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, Грција и Турција.

Под пораката се појавија голем број коментари – дека атмосферата е полна со електрицитет, „лудило“, додека еден коментар беше дека „се ближи судниот ден“.

Коронавирус