недела, 9. мај 2021. Вести денес: 128
home Вести

Над пет милиони Израелци целосно вакцинирани

Над пет милиони Израелци целосно вакцинирани

Само четири месеци откако Израел ја почна својата кампања за вакцинација, над пет милиони Израелци ја примија и втората доза од вакцината против Ковид-19, покажуваат денешните бројки на Министерството за здравство.

Паралелно со успехот на кампањата, израелската Влада почна со постепено олеснување на рестриктивните мерки, особено за оние кои се вакцинирани и оние кои прележале Ковид-19.

Од неделата повеќе не е задолжително да се носи маска на отворено.

Бројот на сериозно болни пациенти исто така драматично падна и неодамна изнесуваше околу 160, во споредба со крајот на јануари, кога имаше околу 1.200.

Израел, кој има девет милиони жители, ја почна својата кампања на 19 декември. Министерот за здравство Јули Еделштајн денеска ја поздрави целта за вакцинирање нарекувајќи ја „огромно достигнување за здравствениот систем и граѓаните на Израел“.

Коронавирус