вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 141
home Вести

Над милијарда евра влогови за обложување околу изборите во САД

Над милијарда евра влогови за обложување околу изборите во САД

Претседателските избори во САД се благодет за обложувалниците, и тоа на светско ниво. Околу една милијарда евра се веќе вложени за победникот, а тоа се засилува пред денот на изборите.

Метју Шадик, одговорен за политичко обложување во британската компанија ГВЦ, ​​изјави дека ова е двојно повеќе од 2016 година, кога Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон. Републиканскиот кандидат Трамп е повторно аутсајдер, а неговиот демократски кандидат Џо Бајден е фаворит како на ГВЦ, така и на Лабрекс, Корал, Би-вин и „Вилијам Хил“.

– Претпоставувам дека се во прашање милијарда фунти (1,1 милијарда евра), изјави Шадик.

И според синџирот обложувалници „Вилијам Хил“, изборите во САД, веројатно, ќе бидат најголемиот настан во годината.

– Влоговите веќе изнесуваат над 3 милиони фунти, а очекуваме да достигнат 10 милиони. Предвидуваме дека ова ќе биде најголемиот настан за обложување во 2020 година. Бројките се едноставно зачудувачки и ги надминуваат сите спортски настани, изјави претставникот на конгломератот, Руперт Адамс.

Тој вели дека луѓето кои добиле минатиот пат, во голем дел, се враќаат.

– Тоа се луѓе кои се држат до своите чувства и претчувства. Бајден е очигледен фаворит на обложувалниците, па сè уште има околу 65 отсто шанси за победа, но тоа е далеку од линијата за сигурна прогноза, што му дава на Трамп 10 отсто шанси. Пазарот на обложувалници му даваат шанса на Трамп од 35-45 отсто, додава познавачот.

Шадик смета дека групата „про-Трамп“ обложувачи веруваат дека има милиони тн. „срамежливи“ гласачи на Трамп, што ќе дојдат до израз дури на денот на изборите. Според оваа теорија тие се срамат во анкетите да кажат дека ќе гласаат за Трамп.

– Јасно е дека не ги интересираат анкетите. Некои сметаат дека тие се лажни или им недостасуваат милиони приврзаници на Трамп. Неверојатна е довербата што ја имаат во победата на Трамп… Од друга страна, либералната левица е сè уште трауматизирана од неговата претходна победа и тие не сакаат да ги ризикуваат своите пари. Ова се два различни психолошки фактори, па јас повеќе сакам да им верувам на анкетите отколку на обложувачките прогнози, вели Шадик.

Коронавирус