четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Над еден милион лица ги напуштиле домовите годинава поради војната во Сирија

Над еден милион лица ги напуштиле домовите годинава поради војната во Сирија

Комисијата на ОН, која го истражува кршењето на човековите права во Сирија, соопшти дека оваа година борбите принудиле над еден милион луѓе да ги напуштат своите домови и да се преселат на друго место во земјата, јави ДПА.

Првпат од почетокот на седумгодишна војна во Сирија бројот на луѓето раселени поради борбите, е толку голем.

Сириските владини сили, поддржани од Русија и Иран, ја вратија контролата врз големи територии низ земјата на почетокот на годината. По борбите во провинциите Алепо, Дамаск и Дара внатрешно раселените се 6,5 милиони од вкупно 18 милиони луѓе. Многу од овие луѓе живеат во тешки услови, без вода, храна и лекови, како и без соодветно прибежиште.

ОН предупреди дека евентуалната офанзива во провинцијата Идлиб ќе предизвика катастрофална хуманитарна криза.

Во денеска претставениот извештај на комисијата што го испитуваше кршењето на човековите права во Сирија, се вели дека сириските владини сили извршиле хемиски напади со хлор неколку пати оваа година. Употребата на хлор е забранета согласно Конвенцијата за забрана на хемиското оружје, ратификувана од Сирија.

Годинава во Сирија биле изведени три напади со хлор – на 22 јануари, 1 февруари и на 7 април. Со тоа, бројот на нападите при кои се користело хемиско оружје од 2013 досега се искачи на 39.