понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 57
home Вести

Над 90 лица загинаа во Етиопија во немирите поради убиството на популарниот пејач

Над 90 лица загинаа во Етиопија во немирите поради убиството на популарниот пејач

Повеќе од 90 луѓе загинаа во Етиопија во немирите предизвикани низ целата земја поради убиството на популарниот пејач Хачалу Хундеса, објавија денеска локалните медиуми.

Хундеса беше застрелан и убиен во понеделникот вечерта во главниот град Адис Абеба, а неговите приврзаници ги обвинија безбедносните сили и сметаат дека убиството е „политички мотивирано“. Тој бил истакнат учесник во антивладините протести кои доведоа до промена на власта во 2018 година.

Неговото убиство беше проследено со насилни протести, вклучувајќи три бомбашки напади. Полицијата соопшти дека три лица се уапсени како осомничени за убиството.

– Во регионот Оромија биле убиени 81 лице за време на насилните протести. Осум граѓани и двајца полицајци загинале во главниот град Адис Абаба од почетокот на протестите, изјави шефот на полицијата на националната телевизија.

Пејачот е погребан денеска во неговиот роден град Амбо, во централниот регион Оромија, според етиопската православна традиција и со зајакнато обезбедување. Шест лица се повредени во судири меѓу полицијата и луѓето кои сакале да присуствуваат на погребот.

Во Адис Абеба, некои жители формирале единици за самоодбрана за да го заштитат својот имот од вандали. Стотици автомобили беа запалени или оштетени. Улиците во центарот на градот се главно празни и низ нив минуваат само противпожарни и амбулантни возила.  (MИА)

Коронавирус