сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 20
home Вести

Над 50 загинати во серија напади во Сирија

Над 50 загинати во серија напади во Сирија

Во повеќе напади во југозападната сириска провинција Суејда денеска загинаа најмалку 50 лица. Според здравствените власти во провинцијата, во нападите се повредени 78 лица.

Официјални претставници соопштија дека терористичката група „Исламска држава“ уби десетици лица во напади изведени во региони во југозападна Сирија, а кои се под контрола на Владата.

Најмалку 38 лица загинаа во денешниот самоубиствен нападот во близина на пазар, во градот Свеида, кој е под контрола на владините сили. Одговорноста за нападот ја презеде т.н. Исламска држава, јави Би-Би-Си.

МИА