среда, 23. септември 2020. Вести денес: 34
home Вести

Над 40 степени Целзиусови измерени во Тасманија

Над 40 степени Целзиусови измерени во Тасманија

Во австралиската држава Тасманија измерени се рекордни 40,8 степени Целзиусови, соопшти австралиското Метеоролошко биро.

За Тасманија, која е најблиску до Јужниот Пол, не се карактеристични високите температури односно просечната температура на воздухот изнесува 20 степени.

– Причината за топлото време во Тасманија е што ветровите носат топол воздух, изјави метеорологот Лук Џонстон.

Најкритично е во државата Нов Јужен Велс, каде се активни 43 пожари, а нивното гаснење е отежнато поради силниот ветер.

Во сите австралиски градови поради пожарите откажани се новогодишните огномети.

Коронавирус