петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Над 40 отсто од Британците се здебелиле за време на пандемијата

Над 40 отсто од Британците се здебелиле за време на пандемијата

Повеќе од 40 проценти од возрасните во Англија се здебелиле за време на пандемијата, добивајќи во просек нешто повеќе од три килограми, покажаа резултатите од најновото истражување на Британскиот институт за јавно здравје.

Институтот анкетираше 5.000 луѓе, а оценката е дека заклучувањата поради пандемијата и нарушената дневна рутина имале негативно влијание врз одржувањето на кондицијата и здравата исхрана кај многу луѓе, пренесува Би-Би-Си.

Грицките и компулсивното прејадување имаат најголемо влијание врз дебелеењето.

Институтот затоа започна кампања „Подобро здравје“ со Националната здравствена служба, најавувајќи разни форми на поддршка при мотивирање на луѓето, како и помош во одржување на здравата тежина. (МИА)

Коронавирус