понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Над 21 милион луѓе во светот заразени со Ковид-19

Над 21 милион луѓе во светот заразени со Ковид-19

Интернет-страницата „Ворлдметер“ објави дека во светот со новиот коронавирус заразени се 21.030.489 луѓе.

Еден милион луѓе се инфицирани само за три дена, бидејќи дваесетиот милион е забележан на 10 август.

Од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 починаа над 750.000 луѓе, а оздравеле речиси 14 милиони луѓе. Во моментот активни случаи се околу 6,5 милиони, а 64.000 се во критична состојба.

Најпогодени земји од пандемијата се САД, Бразил и Индија, кои бројат повеќемилионски случаи, а потоа следат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Коронавирус