сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 56
home Вести

Над 200.000 заразени во Италија, се зголемува бројот на смртни случаи

Над 200.000 заразени во Италија, се зголемува бројот на смртни случаи

Вкупниот број на инфицирани од коронавирус во Италија надмина 200.000, соопштија денеска италијанските власти.

Во последните 24 часа потврдени се уште 2.091 новозаболени, со што бројот на заразени се искачи на 201.505, пренесува „Ројтерс“.

Исто така, во последните 24 часа зголемен е и бројот на починати – 382, што е за околу 50 повеќе од претходниот ден, додека вкупниот број на смртни случаи сега е 27.359.

Во Италија, по речиси двомесечна изолација, од 4 мај ќе почне олабавување на мерките против коронавирусот, а повеќе од 60 милиони граѓани ќе имаат поголема слобода на движење во своите региони.

ЕУРО 2020

Македонија