петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 61
home Вести

Над 140 медицински работници во Франција имале несакани ефекти од вакцините АстраЗенека

Над 140 медицински работници во Франција имале несакани ефекти од вакцините АстраЗенека

Француската Национална агенција за безбедност на лекови и здравствени производи тврди дека регистрирала 149 случаи на несакани ефекти кај медицински персонал вакациниран со АстраЗенека, во кои се споменуваат „симптоми слични на грип, кои често се многу интензивни“ кај луѓе на просечна возраст од 34 години, јави дописникот на МИА.

Кампањата за имунизација на сите здравствени работници на возраст под 65 години почна на 6 февруари, со третата вакцина против Ковид-19 дозволена на територијата на Франција, со вакцината на АстраЗенека. Здравствените работници кои ја примиле вакцината АстраЗернека се пожалиле на треска, замор и главоболка, што кај некои траеле и до 24 часа.

Француската Национална агенција за безбедност на лекови и здравствени производи истакнува дека не постои загриженост за неисправната природа на одредени серии вакцини.

– Серијата вакцини АстраЗенека што се користи од 6 февруари 2021 година е предмет на строга контрола на нејзиниот фармацевтски квалитет. Оваа серија се користи во уште 21 земја во Европската унија. Досега не се пријавени такви случаи, се наведува во соопштението.

Агенцијата ги објави и најновите податоци за фармакопретпазливост за вакцината на Фајзер и БиоНтек. По вакцинирањето со неа регистрирани се 2.140 случаи на несакани реакции од почетокот на имунизацијата на 27 декември. Еден од несаканите ефекти беше зголемен крвниот притисок веднаш по вакцинирањето.

Додека по примање на вакцината на Модерна пријавени се 40 случаи на нус појави.

ЕУРО 2020

Македонија