петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 45
home Вести

Над 118 милиони заболени од коронавирус во светот

Над 118 милиони заболени од коронавирус во светот

Повеќе од 118 милиони луѓе во светот досега се заразиле со коронавирусот, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдометар“.

Само вчера, бројот на случаи во светот се зголемил за нешто повеќе од 254 илјади, а најмногу заразени се регистрирани во САД, 27.268. Според бројот на нови случаи, следи Франција со 23.302 случаи, Италија со скоро 20.000, Индија со 16.846, Турција со 13.755 …

Најмногу заразени во светот има во САД – скоро 30 милиони, по што следат Индија и Бразил со над 11 милиони заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Русија е на четвртото место во светот и прва во Европа со 4,3 милиони заразени, па следува Велика Британија со 4,2 милиони, следува Франција со 3,9 милиони, па Шпанија и Италија каде се заразиле повеќе од 3,1 милиони жители.

ЕУРО 2020

Македонија