вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 147
home Вести

Над 1.300 Британци добиле неточни резултати од тестовите за коронавирус

Над 1.300 Британци добиле неточни резултати од тестовите за коронавирус

Повеќе од 1.300 Британци добиле неточни, позитивни резултати од тестовите за коронавирус поради грешки во владиниот систем „Тестирај и следи“, соопшти денеска британското Министерство за здравство.

„Официјалните лица кои го користеа системот„ Тестирај и следи “ контактираа 1.311 лица и ги информираа дека позитивните резултати од нивните тестови спроведени во периодот од 19 до 23 ноември не биле точни. Од нив беше побарано повторно да се тестираат и да останат во изолација доколку забележат дека имаат симптоми на Ковид-19 “, се наведува во официјалното соопштение на Министерството за здравство и се посочува дека станува збор за „ изолиран инцидент “ што се истражува, јавуваат британските медиуми.

Владата најави дека ќе инвестира дополнителни седум милијарди фунти во системот „Тестирај и следи“, како дел од сеопфатната програма за масовно тестирање во Велика Британија.

Досега во Велика Британија се потврдени 1,6 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 57.500 смртни случаи. (МИА)

Коронавирус