петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

На жените во Шри Ланка повторно им е забрането да купуваат алкохол

Сирисена ја донесе оваа одлука откако минатата недела министерот за финансии Мангала Самаравира го укина тој закон од 1979 година.
На жените во Шри Ланка повторно им е забрането да купуваат алкохол

Претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена го врати во сила законот со кој на жените им се забранува да купуваат алкохол и да работат во продавници каде се продава таков пијалак.

Сирисена ја донесе оваа одлука откако минатата недела министерот за финансии Мангала Самаравира го укина тој закон од 1979 година.

– Разговарав со министерот за финансии, со премиерот и со уште неколку други министри и побарав одлуката (за укинување на законот) да се поништи, истакна Сирисена.

Претставници на Министерството за финансии соопштија дека забраната била укината поради големиот број барања од луѓе кои се занимаваат со туризам, а кои барале да се продолжи работното време на баровите и на жените-туристи да им се дозволи да купуваат алкохол.

Опозициските пратеници се спротивставија, тврдејќи дека тоа ќе нанесе штета на будистичките вредности на Шри Ланка.

Во Шри Ланка живеат 21 милион луѓе, а 70 отсто се будисти.

Коронавирус