недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

На турскиот потпретседател му се слоши за време на говор кој се пренесуваше во живо (ВИДЕО)

На турскиот потпретседател му се слоши за време на говор кој се пренесуваше во живо (ВИДЕО)

На потпретседателот на Турција Фуат Октај му се слоши поради низок крвен притисок додека држеше говор пренесуван во живо на националната телевизија.

Октај зборуваше на самит посветен на сајбер безбедноста во претседателскиот комплекс во Анкара. Во еден момент, среде обраќањето, престана да зборува.

Неговиот личен телохранител дојде по него, откако се виде дека Октај не ги мрда ни рацете ни главата.

Турскиот потпретседател потоа беше префрлен во амбулантата во рамки на претседателскиот комплекс, а лекарите подоцна соопштија дека неговиот крвен притисок толку паднал што предизвикал поспаност и замор.

По згрижувањето во амбулантата, Октај се врати во салата каде што се одржуваше самитот и ја поздрави публиката.

„Ви благодарам на разбирањето. Судејќи по тоа што го кажаа докторите, беше тоа мала слабост поради ненаспаност и замор“, кажа Октај и го продолжи говорот.

Коронавирус