среда, 2. декември 2020. Вести денес: 51
home Вести

На средбата со Трамп дошло цело семејство освен Хари и Меган, еве и зошто

На средбата со Трамп дошло цело семејство освен Хари и Меган, еве и зошто

Доналд Трамп и светските лидери вчеравечер беа на прием во Бакингамската палата кај британската кралица и кралското семејство.

Лидерите пред самитот на НАТО беа пречекани од кралицата Елизабета, принцот Чарлс, Камила, а подоцна на забавата им се придружиле и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Меган и Хари не дошле на приемот, бидејќи наводно се надвор од Велика Британија.

Извор близок на кралското семејство на новинарите им рекол дека семејството Сасекс веќе неколку денови е во Америка и Канада и дека таму го прославиле Денот на благодарноста.

„Меган и Хари го однесоа Арчи на друго патување во САД. Таму го поминуваат времето со мајката на Меган, далеку од очите на јавноста“, велат извори од палатата.

Меган во САД се дружела со старите пријатели кои не го запознале нејзиниот син, а како што откриваат тамошните медиуми, сè уште не планира да му се јави на татка си.

 

Коронавирус