недела, 28. мај 2023. Вести денес: 13
home Вести

На синот му дале име Донал Трамп, па се соочиле со проблем

На синот му дале име Донал Трамп, па се соочиле со проблем

Авганистанско семејство е прогонето од локалната заедница, бидејќи родителите синчето го нарекле Доналд Трамп, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа во животот, пренесуваат светските агенции.

Третото дете на Џамила и Саид Асадула, е родено во округот Шахристан, длабоко во централната авганистанска покраина Даикунди, на 3-ти септември 2016 година, во времето кога неговиот американски истоименик се подготвуваше за првата претседателска телевизиска дебатата по победата на републиканската конвенција.

Родителите, кои инаку се муслимани, веруваат дека името на детето ќе му донесе среќа во животот, бидејќи првиот човек САД го сметаат за успешен бизнисмен.

Меѓутоа, давајќи му на синот немуслиманско име, го предизвикале гневот на остатокот од поширокото семејство коешто конкретниот избор на името го смета неприфатлив. Поради тоа ги изопштиле од заедницата и од локалната средина и ги принудиле да одат да живеат како потстанари во авганистанскта престолнина Кабук, пренесуваат медиумите.