недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 54
home Вести

На протестите во Москва повредени најмалку 42 полицајци

На протестите во Москва повредени најмалку 42 полицајци

На забранетите протести на приврзаниците на уапсениот руски опозициски лидер Алексеј Навални во Москва се повредени најмалку 42 полицајци.

– Засега знаеме дека се полесно повредени 42 припадника на безбедносните сили, наведуваат официјални извори, објави ТАСС.

Полицијата започна истрага за нападите врз полицајците, изјави Јулија Иванова, претставничка на московската канцеларија на Истражниот комитет.

– Со истрагата ќе бидат утврдени фактите за илегалните активности, акциите и луѓето кои се одговорни за нив, нагласи Иванова.

Во центарот на Москва денеска се собраа повеќе од 40.000 луѓе во знак на поддршка за упасениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Протестите, кои се забранети од руските власти, беа организирани во околу 100 градови низ Русија, а според информациите на Си Ен Ен уапсени уапсени се најмалку 1.800 луѓе, меѓу кои и Љубов Собољ, блиска соработничка на Навални и член на неговиот адвокатски тим.

Полицијата употребила сила на протесетите, а демонстрантите одговориле со фрлање снежни топки.

Коронавирус