недела, 27. септември 2020. Вести денес: 98
home Вести

На протестите во Белорусија уапсени 774 демонстранти

На протестите во Белорусија уапсени 774 демонстранти

Во Белорусија во текот на вчерашниот ден се одржаа речиси 30 протестни активности, а вкупниот број демонстранти не надминуваше 22.000, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Олга Чемоданова во изјава за белорускиот Телеграм.

Според неа, 774 лица биле приведени поради прекршување на законот за јавни настани, а само во главниот град Минск се уапсени 500 луѓе.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, 544 лица ќе останат во притвор до одржување на управната постапка.

Според белоруското Министерство за внатрешни работи, демонстрантите оштетиле три полициски автомобили во градот Новополок, а еден демонстрант нападнал полицајци во градот Могилев.
Во Брест, полицијата мораше да користи водени топови за да ги растера демонстрантите за да се осигури безбедноста во сообраќајот.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија започнаа на 9 август, по претседателските избори, на кои Александар Лукашенко прогласи победа со 80,1 отсто од гласовите.

Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановскаја, која официјално освои 10,12 проценти од гласовите. (МИА)

Коронавирус