сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

На протест во Денвер обезбедувач убил десничарски демонстрант

На протест во Денвер обезбедувач убил десничарски демонстрант

Едно лице е застрелано за време на синоќешните спротивставени десничарски и левичарски протести во американскиот град Денвер.

Би-Би-Си пренесува дека според првичните извештаи, но и од социјалните мрежи може да се види дека жртвата во инцидентот учествувала во таканаречениот „Патриотски митинг“ на десничарските демонстранти во градот.

Полицијата соопшти дека осомничениот е уапсен и дека бил вработен како обезбедувач, кој не е поврзан со контра-демонстрантите.

Една телевизиска станица од Денвер соопшти дека го ангажирала осомничениот како обезбедување за нејзиниот медиумски тим, меѓутоа, полицијата не го потврди тоа.

„Патриотскиот митинг“ одржан синоќа во Денвер наиде на контра-протести на повеќе групи поврзани со движењето „И животите на црнците се важни“.

Пукањето се случило во дворот на Музејот на уметноста во Денвер.

Фотографиите објавени од весникот „Денвер Пост“ покажуваат дека сега убиениот демонстрант прво го удрил обезбедувачот и потоа го испрскал со пепер спреј, на што тој одговорил со пукање.

На местото на инцидентот биле пронајдени два пиштола.

Коронавирус