понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 105
home Вести

На принуден одмор 15 проценти од работниците во Велика Британија, најмногу од јуни

На принуден одмор 15 проценти од работниците во Велика Британија, најмногу од јуни

Уделот на британските работници кои се на принуден одмор скокна на највисоко ниво од крајот на јуни по воведувањето на привремените четиринеделни мерки за затворање низ Англија, поради вториот бран на епидемијата на коронавирусот, покажуваат денешните официјални бројки.

Компаниите објавија дека во просек 15 проценти од вработените биле на принуден одмор меѓу 2 и 15 ноември, за разлика од девет проценти во претходниот извештај за втората половина на октомври, соопшти Националното биро за статистика (ОНС).

Британската влада на 5 октомври воведе четиринеделен карантин и ги затвори рестораните, пабовите, продавниците кои не продаваат неопходни продукти и голем број други компании.

Министерот за финансии Риши Сунак планираше да ја укине програмата за субвенции за зачувување на работните места кон крајот на октомври, но вториот бран на коронавирусот го принуди да ја продолжи до крајот на март. (МИА)

Коронавирус