недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 10
home Вести

На празните плажи на Тајланд се појавија чудни суштества (ВИДЕО)

На празните плажи на Тајланд се појавија чудни суштества (ВИДЕО)

Група од повеќе од 30 дугонзи е забележана во морето во близина на еден тајландски остров, според воздушните фотографии на овие морски цицачи слични на морски крави, објави Националниот центар за морски паркови.

Епидемијата на коронавирус ја уништи туристичката индустрија, стратешка за Тајланд по парализирањето на глобалниот сообраќај и милиони жители ги загубија своите работни места.

Отсуството на туристи од тајландските острови овозможи да се врати флората и фауната. Рекорден број гнезда на желки се забележани на напуштените плажи во земјата.

Снимките од беспилотните летала објавени од Националниот центар за морски паркови, прикажуваат како дугонзите се  сончаат во проѕирните тиркизни води на јужниот остров Либонг.

Овие морски суштества со бавно движење се слични на морските крави и се многу чувствителни. Тајланд не бил секогаш рај за животински свет, пластичниот отпад го загадува морскиот живот, како и бродовите кои ја загадуваат водата.

Минатата година, младенче на дугонг беше заглавено на плажа на југот на земјата и привлече внимание. Експертите за морски животни се обидоа да го одржат жив, но тој почина неколку месеци подоцна од инфекција предизвикана од парчињата пластика во стомакот.

ЕУРО 2020

Македонија