недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

На Никола Саркози ќе му се суди за корупција

На Никола Саркози ќе му се суди за корупција

На поранешниот претседател Никола Саркози ќе му се суди за „корупција“ во афера откриена преку телефонски прислушувања, јавува дописникот на МИА.

Врховниот суд вчера ги отфрли најновите приговори од страна на поранешниот шеф на француската држава, неговиот адвокат Тиери Херцог и поранешниот висок судија Жилбер Азиберза да се избегне судење за „корупција и ширење влијание“.

Овој судски процес ќе биде прв за Никола Саркози, на кого исто така ќе треба да му се суди и за случајот Бигмалион, во наредните месеци.

Ова ќе биде за прв пат под Петта француска република, да му се суди на поранешен претседател за корупција. Никола Саркози, во политичка пензија од крајот на 2016 година, се смета дека се обидел да добие на почетокот на 2014 година преку неговиот адвокат Тиери Херцог, тајни информации од Жилбер Азиберт во замена за добивање на престижна позиција во Монако, во постапки водени во врска со агендите на Бетенкур – кои завршија за него со ослободување од гонењето во 2013 година –

Постапката е иницирана со прислушување на телефонот на поранешниот шеф на државата во рамки на една друга истрага, за финансирање на трошоците на предизборната кампања од 2007 од либиски извори, истражувачите забележале дека поранешниот претседател и неговиот адвокат комуницираат преку мобилни телефони стекнати под лажни идентитети, користејќи ги имињата како Пол Бизмут за Саркози.