среда, 17. јули 2019. Вести денес: 136
home Вести

На Меркел и се слоши – Канцеларката се тресеше за време на церемонијата во Берлин (ВИДЕО)

На Меркел и се слоши – Канцеларката се тресеше за време на церемонијата во Берлин (ВИДЕО)

За време на денешната церемонија во Берлин при пречекот на украинскиот претседател Зеленски и интонирањето на химните на Германија и Украина, на германската канцеларка Ангела Меркел и се слошило, а на интернет се појавија и снимки како таа се тресе.

Тресењето на Меркел најмногу било забележливо на силното сонце додека се интонирале двете химни.

Потоа и самата Канцеларка потврди дека и се слошило, односно истакнала дека таа дехидрирала и затоа се тресела.

– Оттогаш се напив најмалку три чаши вода, кои очигледно ми требаа, а сега сум многу подобро – рече Меркел.