петок, 25. септември 2020. Вести денес: 109
home Вести

На Мадагаскар загинаа шест лица, а 13.000 луѓе се раселени поради циклонот Ава

Опасноста од циклонот помина, а повлечени се и сите предупредувања.
На Мадагаскар загинаа шест лица, а 13.000 луѓе се раселени поради циклонот Ава

Најмалку шест луѓе загинаа, тројца се повредени, а 13.000 се раселени поради циклонот што го погоди источниот дел на Мадагаскар за време на викендот, соопштија денеска властите.

Тропскиот циклон Ава го погоди источниот брег на Мадагаскар во петокот и саботата, а брзината на ветеровите беше од 140 до 190 километри на час.

Опасноста од циклонот помина, а повлечени се и сите предупредувања.

Во циклонот што во март минатата година го погоди Мадагаскар настрадаа 50 лица, а голема штета беше предизвикана на плантажите со ванила

Коронавирус