среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

На Кипар регистриран рекорден број случаи на Ковид-19

На Кипар регистриран рекорден број случаи на Ковид-19

Министерството за здравство на Кипар соопшти за 751 нов случај на Ковид-19, што претставува рекорден број новозаразени на дневно ниво од почетокот на епидемијата , јави дописничката на МИА од Атина.

Новите случаи се по направените 13.482 тестови (ПЦР и рапид), а бројот на заразени се зголеми на 20.408 лица.

Регистриран е и еден смртен случај, вкупно 113 од почетокот на епидемијата.

Хоспитализирани се 153 лица, од кои 51 е во сериозна состојба.

Од вчера, во вкупниот број нови случај се вклучени и оние по направените брзи тестови и нема повеќе да се користи праксата позитивниот резултат од брзиот тест да се потврди со нов ПЦР тест.

На Кипар во тек е вакцинацијата која започна во неделата, а денеска меѓу оние кои ќе се вакцинираат е и архиепископот Хрисостомос Втори.

Коронавирус