сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Вести

На Кипар потврдени два случаи на новата варијантата на коронавирусот

На Кипар потврдени два случаи на новата варијантата на коронавирусот

Два случаи на Делта плус, новата варијанта на Ковид-19 се потврдени на Кипар, по анализите на позитивните случаи за периодот септември- октомври, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека од 279 анализирани примероци, кај сите била потврдена варијантата Делта, а при дополнителна анализа биле откриени случаите на Делта плус.

– Иако карактеристиките на мутацијата Делта плус (AY.4.2) покажуваат дека ја зголемува преносливоста на вирусот, нивното откривање на Кипар, во оваа фаза, не предизвика сериозно влошување на епидемиолошките и болничките индикатори, соопшти Министерството за здравство на Кипар, додавајќи дека внимателно го следат прашањето за новите варијанти на вирусот.

Според светските медиуми, Делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се регистрирани и во Данска, Германија, САД, Израел и во Русија.

Коронавирус