недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

На Камчатка прогласена вонредна состојба поради големите шумски пожари

На Камчатка прогласена вонредна состојба поради големите шумски пожари

Регионалните власти во Камчатка денеска воведоа вонредна состојба во шумските области на овој руски полуостров на крајниот исток од земјата, како резултат на пожарите што досега зафатија вкупно 53.650 хектари шуми.

Од регионалното Министерство за вонредни ситуации јавуваат дека во моментот се активни 36 шумски пожари, истакнувајќи дека пожарот во повеќето случаи бил далеку од населените места и градови, а единствено чад бил забележан во местото Каменско, што бил предизвикан од големиот шумски пожар на 20 километри од градот.

Тасс јавува дека регионалните власти во Камчатка денеска побарале помош од руските федерални власти, поради ситуацијата со шумските пожари.

Коронавирус