петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

На Филипини изречена максимална казна затвор за политичко убиство на 57 луѓе

На Филипини изречена максимална казна затвор за политичко убиство на 57 луѓе

Филипинскиот суд ги прогласи за виновни главните припадници на политичкиот клан Ампатуан, за политички мотивиран масакар извршен во 2009 година, во кој беа убиени 57 лица, меѓу кои и 32 новинари.

Судот на максимална затворска казна од 40 години осуди петмина членови на семејството Ампатуан, меѓу кои е и поранешниот градоначалник Андал Ампатуан, кој ги контролирал убиствата.

Исто така наложено им е да исплатат надомест на семејствата на жртвите.

Нападот е еден од најтешките случаи на изборно насилство во таа земја и еден од најголемите светски поединечни напади врз новинари.

Членовите на семејството Ампатуан се обвинети за напад од заседа на конвој на противничкиот клан, кој тргнал да го регистрира својот кандидат за изборите.

Семејството ги негира обвиненијата.

Коронавирус