сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

На Филипини евакуирани околу 200.000 поради тајфунот Камури

На Филипини евакуирани околу 200.000 поради тајфунот Камури

Тајфунот Камури, проследен со обилни дождови и силен ветер денеска ги погоди Филипини и предизвика прекин во воздушниот сообраќај, затворени се училиштата и владините канцеларии, а 200.000 луѓе се евакуирани поради опасност од поплави и лизгање на земјиштето.

Камури е 20 тајфун оваа година на Филипини. Ветерот на места достигна брзина од 155 километри на час.

Засега нема информации за евентуално настрадани лица и причинета материјална штета.

Коронавирус