четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

На есен нова генерација на вакцини против новите видови коронавирус

На есен нова генерација на вакцини против новите видови коронавирус

Компанијата „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд веќе планираат на есен да произведат нова генерација вакцини против Ковид-19, кои ќе штитат од нови видови коронавирус, соопшти британско-шведската фармацевтска компанија.

На прашањето кога „Астра Зенека“ може да произведе нова генерација вакцини кои исто така ќе штитат од мутации, главниот истражувач Мене Пангалос рече дека тоа ќе се случи што е можно побрзо.

– Работиме многу напорно и веќе зборуваме не само за соединенијата што треба да ги направиме во лабораторијата, туку и за клиничките испитувања, рече Пангалос на прес-конференција, додавајќи дека ќе има нешто подготвено до есен.

ЕУРО 2020

Македонија