недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

На британските дипломати им е забрането да го користат зборот “Брегзит”

На британските дипломати им е забрането да го користат зборот “Брегзит”

Британскиот Форин офис објави нови упатства за јазикот кој вработените го користат кога зборуваат за излезот на Велика Британија од Европската Унија, а меѓу забранетите зборови е и самиот термин Брегзит, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Според одредени извештаи, покрај зборот Брегзит, на вработените не им е дозволено да користат одредени зборови и фрази, меѓу другото и „период за имплементација“, „посебно партнерство“ и „договор/без договор“ (deal/no deal).

– Брегзит е завршен, па затоа повеќе не го користиме овој термин. Тоа е историски настан кој се случи на 31 јануари 2020 година – се наведува во одредбата.

Покрај тоа, не е дозволено да се користи зборот „партнерство“ кога се зборува за односите со ЕУ во иднината.

Велика Британија официјално ја напушти ЕУ во петокот, на 31 јануари, со што е завршен процесот кој започна по референдумот за излез на кралството од Унијата во јуни 2016 година.

Коронавирус