понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 145
home Вести

На Антарктик регистрирани првите случаи на Ковид-19

На Антарктик регистрирани првите случаи на Ковид-19

На Антарктикот, единствениот континент што не беше погоден од пандемијата со Ковид-19, пријавени се првите 36 инфицирани лица, кои биле стационирани во чилеанската истражувачка база.

По тестирањето позитивни на новиот коронавирус биле 26 се припадници на чилеанската армија и 10 вработени во базата. Тие се префрлени изолација во чилеанскиот град Пунта Аренас и се во добра здравствена состојба.

Вирусот бил откриен и кај тројца членови на екипажот од бродот што е поддршка на базата откако се вратиле од Антарктикот.(МИА)

Коронавирус