понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 24
home Вести

На Американците им здодеа купувањето тоалетна хартија, сега е време за оружје и муниција

На Американците им здодеа купувањето тоалетна хартија, сега е време за оружје и муниција

Како се шири паниката од коронавирусот, Американците одлучија додатно да се наоружаат, но не со тоалетна хартија, туку буквално со оружје.

Додека Холанѓаните прават резерви од марихуана, Американците купуваат муниција. Рафтовите ширум светот се празнат, но поради стравот дека нема да има доволно намирници во периодот на карантин. Кај Американците исто така постои страв и дека нема да има доволно муниција и оружје, што ја зголемува побарувачката и прави огромни редови пред продавниците за оружје.

Како што пишува „Ју-Ес-Еј тудеј“, претходните недели се повеќе луѓе нарачувале оружје и преку интернет. Според компаниите кои продаваат оружје оваа паника е предизвикана од ширењето на коронавирусот.

„Знаеме дека некои работи влијаат на прдажбата на муниција, главно политичките случувања или економската нестабилност кога луѓето сметаат дека правата можат да им бидат загрозени, но ова е наше прво искуство со вирус кој доведува до такво зголемување на продажбата“, рекол Алек Хорсман, маркетинг менаџер на една онлајн продавница за оружје.

Коронавирус